Мисајловски со апел до кумановскиот градоначалник да не ги кочи проектите за граѓаните

На Совет на општината треба да се донесе Одлука за приоритетен проект која ја доставува до Министерството за транспорт и врски. Истовремено, општината  доставува комлетна проектна документација и одобрение за градење кои се разгледуваат од страна на консултантскиот тим.

Со проектната документација се пополнува и Проектен прашалник кој се доставува до Европска инвестициона банка (ЕИБ) на одобрување.

По одобрување на проектниот прашалник, се подготвува документација за тендер, која се доставува до одделението за јавни набавки за објава, по што се склучуваат договори за изведба и надзор и отпочнува физичка реализација на проектот.

Владата континуирано инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура

Владата преку Министерството за транспорт и врски континуирано инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура во сите 84 општини во Република Македонија преку изградба на водоводи и канализации.

Со заем од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра и со средства од Буџетот на РМ во висина од 9 милиони евра започнавме еден инвестициски циклус за подобрување на квалитетот на живеење во општините во Република Македонија, токму преку изградба или реконструкција на водоводните или канализационите системи, вели Мисајловски.

До сега завршени се 42 проекти во 37 општини од областа на комуналната инфраструктура (водовод и канализација) во висина од 12.4 милиони евра: 23 проекти за водовод во 20 општини во износ од: 6.3 милиони евра и 19 проекти за канализации во 17 општини во износ од 6 милиони евра.

Во фаза на реализација се 23 проекти во 20 општини во износ од 7.2 милиони евра и тоа: 7 проекти за водовод во 7 општини во износ од: 1.7 милиони евра и 6 проекти за канализации во 14 општини во износ од: 5.4 милиони евра.

Во тек е постапка за јавна набавка за проекти во 8 општини во износ од 3.7 милиони евра.