Мисајловски: Најдоцна за еден месец плажата во Стење ќе биде завршена

Најдоцна за еден месец ќе биде завршена плажата во Стење. Ова при денешната посета на општина Ресен го најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

misajlovski-nova

Мисајловски заедно со градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски извршија увид во градежните работи на плажата во Стење.

-Имам верување дека плажата за оваа туристичка сезона ќе биде готова, градежните работи се одвиваат согласно планираната динамика и се надевам дека за кратко време повторно ќе дојдеме тука за да ја пуштиме во употреба, изјави министерот Мисајловски.

stenje-1

Инаку градежните активности на крајбрежјето на Преспанското езеро се во полн ек, мометално се поставуваат платформите во езерото, поставена е конструкцијата за двата шанка, а плажата се попесочува.

Покрај оваа плажа, веќе се испроектирани уште 1.400 метри плажи на Преспанското езеро.

Министерот најави дека и до крајот на месецот ќе се започне со рехабилитација на патот Битола- Ресен- Буково, најважниот за овој регион, инвестиција од околу 8 милиони евра.

stenje

На работната средба со градоначалникот се разговарало и за тековни проекти што се реализираат заедно со Министерството за транспорт и врски.

stenje-2

stenje-minister

treta

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.