Мисајловски: Нема да дозволиме да има неасфалтирани улици во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник за скопската општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на вчерашната промоција на својата програма истакна дека инфраструктурата ќе биде негов најголем приоритет.

„Нема да дозволиме да има неасфалтирани улици во Ѓорче Петров и тоа го ветувам јавно“, истакна Мисајловски.

Притоа посочи дека во неговата програма планирано е да се асфалтираат повеќе од сто  100 улици во општината. Мисајловски појасни и прецизираше кои и колку улици ќе бидат асфалтирани во населените места во општина Ѓорче Петров.

„Асфалтирање 25 улици во Кисела Јабука, и тоа, улица број „2“, улица број „4“, улица број „8“, „14“, „18“, „26“, „28“, „30“, „32“, „34“, „36“, „38“, „40“, „48“, „52“, „54“, „60“, „62“, „64“, „66“, улица „68“, „10“, „44“, „46“ и „40“. Ова се сите улици во Кисела Јабука. Асфалт ќе добие Ново село, улица број „1“, краци на улица „4“, краци на улица број „2“, краци на улица број „5“, сите улици во Ново село“, потенцираше Мисајловски.

Рече дека ќе се асфалтираат и седум улици во Стопански двор, како и сите улици во Волково.

„И тоа, улица број „51“, крак 1, крак 3, крак 7, улица број 52, крак 1, крак 2, крак 4 и крак 7. Сите улици во Стопански Двор. Асфалтирање на сите улици во Волково. Улиците број „3“, број „5“, број „7“, „11“, „13“, „15“, „17“, „19“, „21“, улица број „25“, улица број „27“, улица „29“, „47“, „57“, „60“, „101“, „71“, број „73“, „75“, улица број „100“ – крак 2, улица број „31“, улица број „41“, улица број „81“ – крак 6, улица „81“ – крак 10, „95“, „35“, „20“, улица „22“, улица „70“, улица „24“, „93“, улица „53“, улица „74“, улица „76“, улица „78“. Сите улици ќе ги направиме“, истакна Мисајловски.

Посочи дека ќе асфалтираат и повеќе улици во населбата Ѓорче Петров.

„Во населбата Ѓорче Петров ќе се асфалтираат улиците, улица „Стоби, улица „Даутица“, „Ѓуро Савај“, „Јосиф Ковачев“, „Пробиштипска“, „Вера Циривири – Трена“. Во Дексион „Наум Чакарев“, улица, односно десен крак од улицата „Наум Чакарев“, „Црногорска“ – крак Стралиште – улица број 3. Во Хром, „Исаија Маџовски“, „Манџу Мата“, „Рафајло Батино“, „Панко Брашнаров“. Во Даме Груев улица „Лока Геров“ – крак 1 – улица „Шар Планинска“. Во Мирче Ацев, „Алексо Димлиевски“ – „Алексо Димлиевски“ – крак 3, улица „Знеполе“ улица „Мис Тон“, „Ристо Батанџиев“, крак од зградите број 70, крак од улица „Мечкин камен“. Намерно ги прочитав сите, да се потсетиме, јас да се потсетам што сум ветил, освен ако градоначалникот не не претркал и некоја улица ја направил. Но, сите ќе ги направиме“, истакна Мисајловски.

Кандидатот за градоначалник за Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вторникот вечерта ја промовираше својата програма во Домот на културата, по што свечено беше пуштен промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник, а ѓорчепетровци масовно и еуфорично го поддржаа Мисајловски и најавија голема победа уште во првиот круг на 15-ти октомври. Мисајловски во своето обраќање пред огромниот број присутни во Домот на културата истакна дека без граѓаните, ништо нема да може да се направи.

„Кога ја добив понудата да се кандидирам за градоначалник веднаш прифатив. Тука сум роден, тука сум израснат, целиот живот сум го поминал меѓу вас и затоа имам толку голема енергија. Мојата енергија ќе биде од вас за вас“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски притоа истакна дека имаат јасна визија, цел, конкретна и точна програма за Општина Ѓорче Петров да стане уште подобро место за живеење, модерно и урбано за сите граѓани.

„Водејќи се од потребата за современо живеење посетивме многу куќи, се видовме со многу жители, ги видовме сите потреби и ветивме. А од ветеното не бегаме. Ден по ден, проект по проект заеднички ќе реализираме. Се што сме ветиле за доброто на нашите деца, за сите, за Ѓорче, најубавото Ѓорче во Град Скопје. Инфраструктурата ќе биде мој најголем приоритет, нема да дозволиме да има неасфалтирани улици во Ѓорче Петров. Во наредниот планирано е да се асфалтираат над 100 улици во Ѓорче Петров. За да ја зголемиме безбедноста, заедно со Градот Скопје ќе изградиме нови кружни текови. Не помалку важно, но приоритетно и е подобрување на водоснабдувањето и изградба на канализационите мрежи, нови паркинг места, осветлување низ општината, изградба на рекреативни патеки. Сето ова се проекти излезени од вашите потреби, истакна Мисајловски пред големиот број граѓани“, рече Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.