Мисајловски: Пробиени се 95 проценти од трасата на автопатот Миладиновци – Штип

Некаде околу 11 километри од патот комплетно се асфалтирани од новиот автопат Миладиновци – Штип, информира на денешната седница посветена на пратенички прашања министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Моментално се пробиени околу 95 проценти од трасата, се работи на земјени работи, на косини, асфалтирано се околу 11 километри, севкупни земјени работи се извршени околу 50 проценти, завршени се сите армирани бетонски потпорни ѕидови, моментално се работи на бетонирање на пет мостови, на 8 натпатници, 4 потпатници и 5 виадукти. Вкупниот прогрес, кога ќе се соберат сите градежни активности вкупно изнесува над 45 отсто, рече Мисајловски.

Тој напомена дека очекува во текот на следниот период да се зголеми динамиката на работа бидејќи месеците го дозволуваат тоа, и се очекува дека наредната година ќе има привршување, односно завршување на овој автопат.

Како што рече овој автопат е од круцијално значење за Република Македонија, а паралелно се работи на уште два други автопати и на многу регионални, магистрални и експресни патишта. Освен тоа се работи и на нови проекти, како што е например неодамна највениот пат Кичево – Гостивар.