Мисајловски: Сите проекти кои ги започнав во Ѓорче Петров како министер беа стопирани од сегашната власт

Целата канализација во Волково според проектот изнесуваше некаде 90 милиони денари, проектот е на општината и тоа е канализација од Волково, Кисела Јабука, Стопански Двор како и Ново Село и од прилика таа изнесува 22 километри канализација, вели Владо Мисајловски кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров во дебатната емисија на МТВ.

-Целиот проект чинеше 90 милиони денари и ние го распишавме тендерот во Министерството за транспорт и јас директно ги обезбедив средствата директно од буџетот на министерството и истата цена падна некаде околу 40 милиони денари со се ДДВ можеби и 50 милиони, потоа беше потпишан договор и започна да се гради. Јас бев во Ѓорче Петров кога почна да се гради, а подоцна истиот проект беше престанат, заради кои причини, можете да го прашате министерот Сугаревски, исто така јас додека бев директор на јавни патишта се започна патот кон обиколница односно кон крајот на улиците 51, направено е од мене и исто така ставени се 33 улици да се градат после поплавите и тие почнаа да се градат и потоа беа запрени од оваа власт, потенцираше Мисајловски.

Toj директно го праша својот против кандидат Александар Наумовски што има направено во изминатите осум години како советник во општината Ѓорче Петров за оваа општина. Мисајловски додаде и дека додека бил министер за транспорт и врски има направено многу за Ѓорче Петров и тоа никој не може да го побие.