Мисајловски: Во Македонија никогаш не се градело толку како сега (ВИДЕО)

Мисајловски: Во Македонија никогаш не се градело толку како сега
Мисајловски: Во Македонија никогаш не се градело толку како сега

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во вчерашното интервју за регионалната охридска телевизија О2 говори за проектите во патната, железничката и комуналната инфраструктура, изградбата на плажите и патеките, за инвестициите во авиосообраќајот, за последните штети предизвикани од поплавите во охридско.

-Вчера дојдов во посета на координативното тело, односно во посета на општина Охрид, бидејќи имаше потреба од дополнителни мерки да се помогне на населението и да ги преземеме сите чекори кои што се неопходни за санирање на оние штети кои настана поради дождовите. Јас уште во петокот го повикав координативното тело во Скопје за да превенираме, односно да пуштиме мерки за сите општини за тоа што следува, односно кое количество на врнежи треба да се очекува и сите општини да излезат на терен и со нивната механизација да бидат спремни за овие поројни дождови. Во Охрид имаше едно поголемо невреме, бидејќи доста куќи беа поплавени. Се појавија неколку свлечишта, а исто така имаше и проблем со дел од каналите. Вчера заклучоци на координативното тело беа да повикаме, односно да обезбедиме дополнителна механизација, која јас веднаш со координативното тело ја повикавме и денеска таа стигна. Се работи за механизација што пристигна од градот Скопје и јас сум благодарен на градоначалникот на град Скопје кој веднаш ја испрати таа опрема што беше неопходна. Се работи за една цистерна, неколку други машини, се работи дополнителни машини од „Викторија“, компанијата која работи на патот Кичево-Охрид. Веднаш ги пуштија сите расположливи машини. Можеме да видиме сите дека скоро 95 % од штетите се санирани. Се уште работат на терен и очекувам дека во текот на овој ден сите оние мерки кои веќе ги констатиравме и кои се преземени ќе доведе до санирање на сите штети што настанаа, но ќе останат тука доколку има дополнителна потреба, но очекувам дека овие денови ќе биде потопло времето.

Не само што експресно реагиравте, туку останавте во Охрид и лично да се уверите како одат работите на терен. Направивте повторна обиколка. Од она што го видовте.

-Се чистеше сегде, механизацијата беше сегде на терен. Видов таму каде што има најголеми проблеми во каналите веднаш се чистат, што е неопходно бидејќи не очекува следната недела уште еден бран на врнежи. Посетив дел од куќите каде што имаше поплави, разговаравме со локалното население. Потенцирано е дека ќе им се помогне дополнително бидејќи стварно им треба помош и стоиме на располагање како и општината, така и ние како Влада. Посетив и дел од населените места каде што има проблем со шахтите, односно запушување на шахти и така натака. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ работеше на лице место и со задоволство можам да кажам дека има едно добра координација, што мене ме радува. Има сплотеност и единство и затоа сме преку 95 % успешни, зборам оние 5 % кои во текот на денот мора да ги санираме бидејќи се работи за големи канали, каде мора да го извадат сето она ѓубре што се наоѓа таму и механизацијата ќе остане колку и да е потребна.

Јавното претпријатие „Нискоградба“ и во текот на годината постојано ги чисти шахтите, но имаме проблем со несовесноста на граѓаните. Се фрла се и сешто. Сведоци сме дека се вади се од шахтите и сега во овој случај доаѓа до вакви последици коишто ете ќе мора да се санираат на друг начин. Владата и Министерството за транспорт и врски во текот на годината издвојува нафта за чистењето на речните корита на ниво на Република Македонија. Општина Охрид го спроведе она што го спроведе, но сепак дојдовме до вакви последици. Се исчистија сите речни корита, но ова е сосема друга ситуација.

-Ние како влада обезбедивме 700.000 литри нафта за сите општини во Македонија. Поделени се во неколку циклуси со акционен план каде е приоритетно веднаш да се додели нафта, со обврска општините веднаш да почнат со нивна механизација да чистат. Во дел од општините веднаш е почнато, во дел сега се работи и очекувам пред поројните дождови кои ќе следат ќе бидат најголем дел исчистени. Сведоци сме на чистењето на Црна Река, каде што ги имавме најголемите поплави минатата година и таму се работи ефективно. Апелирам до сите градоначалници веднаш кога стигнува нафтата и се потпишува договор со Министерството за животна средина, веднаш со нивна механизација, ако не да распишат тендер согласно нивните можности, за веднаш да почнат да ги чистат реките. Дел од општините се ефикасни и секоја чест, но дел треба веднаш да почнат бидејќи ќе стигнат месеци кога ќе имаме повеќе дождови. Но сепак акцијата се спроведува и така ќе продолжиме и во иднина. Јас очекувам дека во наредниот период најголем дел од општините ќе ги исчистат реките и каналите.

Би го искористила вашето гостување за да проговориме на неколку актуелни теми, затоа што ретко имаме можност да поразговараме вака директно со Вас и да добиеме информации од прва рака. Автопатското поврзување Охрид-Кичево. Нешто што најмногу не интересира во моментов. До каде се градежните активности? Знаеме дека се работи и до каде се активностите?

-Ефективно се работи, морам да најавам дека работиме на три автопати паралелно. Се работи на Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Сите граѓани може да видат дека се работи на терен, постојано се таму сите компании. Прогресот на сите градежни активности е одличен. Ќе кажам на кратко во проценти. На Демир Капија-Смоквица околу 65,5 % е пробиена трасата, исто така на дел е асфалтирано каде што за брзо време ќе можат да видат на оние делници како изгледа еден модерен автопат. Миладиновци-Штип се работи околу 20% изградба моментална. Зборам 20 % севкупни градежни активности. Осумдесет проценти е пробиена трасата, но кога ќе ги соберете сите градежни активности околу 20 %. Кичево-Охрид е веќе околу 7,7 %. Се уште се работи, но очекувам дека наредните месеци поради зимата ќе се смали тој интензитет. Имаме доволно механизација, имаме квалитетни фирми избрано и очекувам во наредните 2-3 години дека комплетно ќе ги завршиме. Ставивме еден пробен асфалт, бидејќи имаме и посебна лабораторија каде го проверуваме квалитетот на асфалтот кој подоцна ќе се стави на целата траса. Ова се пробни делници каде што правиме тестирање, потоа каде има можност таму и ќе асфалтираме и драго ми е што граѓаните го гледаат тоа и што се радуваат на овие проекти. Се работи за капитални проекти, преку 800 милиони евра, што се издвојуваат од буџетите на Република Македонија, дел од кредитирање, или можам да кажам преку 155 километри автопат. Никогаш не се градело толку колку што се гради во моментов. Мислам дека ја градиме иднината за сите Македонци, за сите граѓани на Република Македонија.

Кажавте дека логично е во текот на зимата да се намали интензитетот на градежните активности, но сепак според динамиката и она што го имате на увид, ќе се заврши ли навреме?

-Ќе се заврши навреме, да. Се разбира, доколку не се појават некои нови непредвидени проблеми. Кога се градат автопати секогаш имате непредвидени работи кои морате да ги решавате во од. Зборам во делот на проектирање, во делот на техничките решенија. Морам да констатирам дека има многу квалитетни фирми, а од друга страна и квалитетен надзор. Внимателно работиме, секој месец имаме месечни состаноци да ги координирам останатите институции. Гледаме каде имаме проблем експресно да го решаваме и имаме одлична соработка со сите институции. Ако продолжиме вака, секако дека ќе стигнеме, јас сум убеден дека ќе стигнеме.

 

Целото интервју погледнете го во видеото…