петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Мисајловски: Во септември готов регионалниот пат Лажани – Ропотово- Црнилиште

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, денеска извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.

misajlovski-ropotovo-640x360

Последни вести

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, денеска извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.

Овој пат во должина од 17 километри кој започна да се реконструира во декември 2015 година, е инвестиција вредна 1.79 милиони евра.

misajlovski-pat

Денеска сум во посета на општина Долнени за да извршиме увид во реконструкцијата на овој регионален пат кој започна да се рехабилитира на крајот од минатата година. Според динамиката на работа очекуваме неговата реконструкција да заврши во септември оваа година, изјави министерот Мисајловски.

Министерот најави дека покрај овој пат во овој регион за кратко време ќе започне изградбата на новиот експресен пат Градско – Прилеп, а во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани.

misajlovski-pat2

Мисјаловски најави и дека оваа година во Република Македонија ќе отпочнат со изградба уште пет експресни патишта.

Министерството за транспорт и врски е пред потпишување на договор за изградба и на канализација за населеното место Ропотово во вредност од 420.000 евра.

Ресорниот министер заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот остварија средби со жителите на општина Долнени и село Вранче со кој разговараа за тековните проблеми.

Најчитани вести