Мисфелдер: Изборите носат стабилност во Македонија

Потврдата на владата е важна за натамошниот развој на земјата, оцени портпаролот за надворешна политика на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Филип Мисфледер, објавува „Дојче Веле“.

По изборите во Македонија, на кои владејачката партија на премиерот Никола Груевски јасно победи на парламентарните избори со освоени околу 43 проценти од гласовите и актуелниот претседател Ѓорге Иванов, на претседателските избори беше потврден на функцијата, портпаролот за надворешна политика на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот Филип Мисфелдер оцени:

„Реизборот на претседателот како и на владата на Република Македонија се важни за стабилноста и натамошниот развој на земјата, која политички и економски денес сѐ уште стои пред големи предизвици”.

Пред сѐ луѓето во Македонија при стабилни односи може да се надеваат на натамошно подобрување на економската состојба. Република Македонија, која во 1991 година прогласи независност, сѐ уште е една од најсиромашните земји на балканскиот полуостров со висока невработеност од околу 30 проценти. Внатрешно-политичката ситуација дополнително е оптоварена поради спорот меѓу словенското мнозинство и албанското малцинство.

Под изминатиот викенд реизбраната влада економската состојба на земјата постојано се подобруваше. Развојот на Македонија под премиерот Груевски оди во вистински правец.

Стопанскиот пораст се зголеми, јавните задолжувања се намалија и странските инвестиции се зголемуваат. Освен тоа, владата на Груевски со воведувањето на рамен данок, енергичната борба против корупцијата и развојот на орбразованието во изминатите години стекна углед кај наслението.

Како премиерот на Македонија Никола Груевски, така и претседателот Ѓорге Иванов во минатото се покажаа како доверливи партнери. Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот ги поддржува напорите на Македонија за приближување кон Европската унија и продолжување на реформите.“