Свет

Мишел Обама ја истакна важноста на слободниот проток на информации

Мишел Обама ја истакна важноста на слободниот проток на информации

Првата дама на САД, Мишел Обама го посети Универзитетот во Пекинг каде што разговараше со студентите и при тоа истакна дека слободниот проток на информации ги прави луѓето посилни и дека треба да биде универзално право на секој поединец.

Кина е позната по тоа што е исклучително рестриктивна кога станува збор за проток на информации на интернет, така што блокира многу сајтови и социјални мрежи како Фејсбук, Твитер и Ју тјуб.

Постои цела армија на цензори кои ги филтрираат информациите и укинуваат некои од блоговите за кои владата смета дека се непристојни.

На почетокот на месецот, Кина укина десетина сметки на популарниот сервис за испраќање на пораки на мобилен телефон кој во основа беше независен од владината контрола.