Свет

Мишел Обама полни 50 години

Мишел Обама полни 50 години

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Мишел Обама денеска го прославува својот 50-ти роденден.

„Никогаш не сум се чувствувала сигурна, како сега. Никогаш не ми било толку јасно која сум како жена“, признава таа во интервјуто за магазинот „Парада“, објавено само неколку дена пред нејзиниот роденден.

Мишел Лаван Робинсон Обама е првата афро-американска прва дама на САД. Мишел е родена на 17 јануари 1964 година, во Чикаго, Илиноис. Таа е мајка на две ќерки, Малија и Саша. Како сопруга на претседателот на САД, Мишел стана модна икона и пример за жена и забележлив поборник за сознанието на сиромаштијата и здравата исхрана.