Мишковиќ: Делта холдинг во 2013 оствари 36, милиони евра оперативен профит

„Изминатата година беше најтешка во историјата на нашата компанија, но Делта холдинг успеа да оствари оперативен профит од 36,6 милиони евра,“ изјави Мирослав Мишковиќ, претседател на холдингот.

Вкупниот промет на сите членки на Делта холдинг во 2013 е 583 милиони евра, а најголем дел од прометот го оствариле Делта аграр група, Делта Џенерали и Делта ДМД. Во буџетото на Република Србија, компанијата во текот на минатата година уплатила 87 милиони евра данок.

„Годинава очекуваме рекордно зголемување на приходот и профитот. Делта својата позиција ја изгради со продажба на делови од компанијата, а слични планови имаме и за наредниот период. Нема голема изненадување, ниту ако се вратиме во малопродажба,“ најави Мирослав Мишковиќ, но не сакаше да открива детали.

Мишковиќ  го најави и доаѓањето на трговскиот ланец „Лидл“ и „Карфур“ со кои Делта склучила три договори, но прецизираше дека точниот датум на влегување зависи од брзината на надминување на голем број проблематични законски прописи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.