Мисица лажела дека е болна од леукемија за да собере пари (видео)

Мисица лажела дека е болна од леукемија. Станува збор за Бренди Ли Вивер-Гејтс, сега веќе поранешна мис Пенсилванија.

Бренди била незадоволна од сопствените примања, па се одлучила да дојде до пари, така што лажела дека е болна. Знаела дека луѓето секогаш се великодушни кога некому му треба помош за лекување, па така ја измислила целата приказна и лажела дека е болна од леукемија.

Бренди (23) лажела дека е болна од леукемија и тврдела дека и е потребна финансиска помош за лекување. Полицаецот Томас Сток кој ја водел истрагата, рекол дека станува збор за добро смислена измама.

Мисица лажела дека е болна од леукемија за да собере пари
Мисица лажела дека е болна од леукемија за да собере пари

Таа наизглед имала сигурен план. Родителите ја носеле во болница, а таа со часови седела таму за сите да помислат дека навистина оди на терапија. За да биде поуверлива таа ја избричила главата. Биле одржани голем број хуманитарни акции за да се соберат пари за нејзното лекување.

Бренди можела до бескрај да лаже дека е болна до леукемија, ако во полицијата не пристигнело анонимно писмо во кое се тврдело дека таа неможе да именува ниту еден нејзин наводен лекар.

Од дирекцијата на Мис Пенсилванија објавиле дека се згрозени од нејзината измама. Секако штом излезе од притвор, таа ќе остане без круна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.