Давутоглу: Мислам дека Русија нема да ја прекине испораката на гас

Давутоглу: Мислам дека Русија нема да ја прекине испораката на гас
Давутоглу: Мислам дека Русија нема да ја прекине испораката на гас

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу синоќа изјави дека не очекува Русија да ја прекине испораката на природен гас за Турција, но дека сепак Анкара е подготвена и за такво евентуално сценарио.

– Мислам дека Русија нема да ја прекине испораката на гас. Имаме меѓусебни обврски, кои се регулирани согласно меѓународното право, изјави Давутоглу во интервју за телевизијата Хабертурк.

Тој сепак нагласи дека неговата Влада му наложила на Министерството за енергетика да разгледа различни алтернативи во случај на прекин на испораката на руски гас.

– Што и да се случи, нашиот народ ќе ја покаже пожртвуваноста за татковината и за честа, нагласи Давутоглу.

Русија и испорачува гас на Турција преку црноморскиот гасовод „Син поток“ и преку „Трансбалканскиот гасовод“, што минува низ Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.