Мислел дека си ја убил сопругата, па се самоубил

Четириесет и двегодишниот Љубиша С. од нишкото село Горни Матејевац ја претепал својата сопруга, па потоа мислејќи дека ја убил, се самоубил.

Полицијата претпоставува дека покојниот Љубиша се обидел да ја убие Силвана, па извршил самоубиство мислејќи дека си ја убил невенчаната сопруга.

Претепаната жена е пренесена во болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.