Мислеле дека се бонбони-братче и сестричка голтнале седативи

Брат и сестра од Делчево се борат за живот, откако наместо бонбони, голтнале седативи. Ги нашле играјќи си на улицата позната како „Пустевски ендек“ во Делчево.

Децата на возраст од 7 и 4 години околу 18 часот биле примени во делчевската брза помош во тешка здравствена состојба, објави телевизијата „Стар“.

– Семејството донесе таблети „асентра“ и „верапамил“ – изјави д­р Гоце Стојменовски, раководител на Итна медицинска служба Делчево.

Драмата за да спасат двата детски животи во делчевската брза помош траела неколку часа.