Мислите дека две минути секс се доволни?

Додека неодамнешни студии покажале дека сексот во просек трае околу минути, угледниот експерт доктор Хари Фиш , специјалист за лекување на машки сексуални проблеми тврди дека дури и тоа е претерување. Во истражувањето за својата нова книга „Гола вистина – Ултимативно сексуално образование за возрасни“ открива дека дури 43 отсто од двојките во просек водат љубов до две минути, пишува австралискиот „Стар Обсервер“.

Како главен „виновник“ за ова ги наведува мажите кои се справуваат со прерана ејакулација што се смета за состојба во која сексуалната возбуда не може да се контролира подолго од минута. Повеќе од 90 отсто од жените не можат да доживеат оргазам во рок од две минути, па во таков случај нивното сексуално задоволство дефинитивно е невозможно да се случи.

„Постојат големи варијации меѓу двојките, па така некои навистина водат љубов долго и еден час, но значително повеќе се оние чии страствени сеанси се кратки“, вели Фиш.

Додава дека мажите кои не можат да го одложат оргазмот повеќе од две минути по почетокот на сексот, но и не можат да го доживеат и по 40 минути водење љубов, секако треба да посетат лекар бидејќи таквите проблеми може да се ублажат.

Двојките во просек водат љубов двапати неделно, а последица од краткото траење на сексот секако е и недостиг од желба за него, пишува Хандбаг.ком.