Мистерија: Алжирскиот авион се распаднал при удар во земјата

Истражувачите заклучиле дека алжирскиот авион, со 110 патници и шест членови на посадата, се распаднал при ударот од земјата, соопштиле денеска француските официјални претставници, што укажува дека е малку веројатно дека леталото е нападнато. „Авионот е униптен во моментот на падот“ изјавил за радио РТЛ францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.

Казнев рекол дека се верува дека авионот се срушил заради лоши временски услови, но додал и дека „во овој момент ниедна теорија не може да се исклучи“.

Истовремено, францускиот министер за сообраќај Фредерик Кувилије рекол дека силен мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и фактот дека урнатините се расфрлени на релативно мало подрачје, исто така, укажува дека причина за несреќата е поврзана со лошите временски услови или технички проблеми, пренел Ројтерс.

Претходно, во Франција е потврдено дека урнатините од авионот се пронајдени во областа Госи во Мали, недалеку од границата со Буркина Фасо и дека француската воена единица е упатена да го обезбеди местото на несреќата и да ги собере првичните информации.

Авионот, во кој се наоѓаа 51 државјанин на Франција јасно е идентификуван и покрај тоа што се распаднал, се додава во соопштението од канцеларијата на претседателот Франсоа Оланд.

Во авионот на летот АН5017 имало 51 француски државјанин, а францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус рекол дека „Мекдонел Даглас 83“ исчезнал во време кога на подрачјето на северот од Мали имало силна бура.

Оланд рекол дека шпанскио екипаж сигнализирал на контролата на летото да го смени правецот на движење на вионот „заради особено тешки временски услови“.

Во авионот, покрај француските државјани, имало и 24 државјани Буркина Фасо, осум Либанци, шест алжирски државјани, шест Шпанци, пет Канаѓани, четворица дрѓавјани на Германија и двајца од Луксембург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.