Магазин

Мистеријата за семејството Путин

Мистеријата за семејството Путин

Дедото на Владимир, Спиридон Путин е последната личност за која има податоци од нивното семејтното стебло.

Мистеријата за неговото потекло можеби заскогаш е закопана со неговиот прадедно, во меѓувреме на површина излегоа многу теории за неговото потекло.

Дедото на Владимир Путин, Спиридон, на историската сцена стапил со Руската револуција во 1917 година.

По црвениот октомври тој работел како личен готвач на Владимир Илич Ленин, а потоа и на неговата сопруга Надежда Крупскаја, а и како готвач на Јосиф Сталин.

Подоцна, работел во куќата која му припаѓала на Московскиот комитет на Комунистичката партија на СССР и наводно неговиот внук честопати одел таму заедно со него.

За него е познато дека бил роден во 1879 година, како и дека бил по потекло од Тверската област која наводно ја напуштил на 15 години кога се преселил во Санкт Петербург.

Никој не знае кои му биле родителите, каде се родени, со што се занимавале, како се викале. Семејството Путин е комплетна мистерија! Звучи неверојатно дека претседателот на најголемата земја на светот и една од најмоќните светски сили не знае кој му бил прадедо, но колку и да звучи чудно, вистина е!

Една од многуте теории тврди дека неговите предци по потекло биле Срби.

putin2

Вистината е дека и ден-денес презимети Путин се среќава во Србија. Имено, најдобриот пријател од детството на Доситеј Обрадовиќ бил некој извесен Никола Путин, чии претходници за време на Големата преселба се доселиле од Космет. Откако Доситеј се вратил од манастирот Хопов, на Путин му се изгубила секоја трага, но бидејќи ова е за време кога Србите во Украина основале колонии, можно е да заминал со нив.

Дел од фактите за семејството Путин покажуваат дека една гранка од ова семејство се обидела да се пробие преку Карпатите во Русија. Додека пак, дедото на Олга Путин за време на Првата Светска Војна им се приклучил на Србите во Русија.

Кога сите три приказни би биле вистина, тоа би значело дека постојат три различни бранови на емиграција на Путин во Русија.

Руската патриотска верзија, која вистински го издигнува ликот и делото на шефот на Кремљ, нема врска со Србите. Тие дошле до заклучок дека тој неверојатно многу личи на кнез Михајло Тверск од династијата Путјанин, која е една од гранките на Рјуриковиќ.

putin3

Доколку ова е вистина, тогаш Путин би можел да биде во крвно сродство со добар дел од европското благородништво и многу кралски куќи од Стариот континент.

Руските националисти имаат теза дека Путин потекнува од француската династија Валоа, укажувајќи на неговата физичка сличност со кралот Луј Xll но тоа може да се протолкува и како некоја подтеза на оваа претходната.

Одредени американски христијански фундаменталисти имаат свои идеи па тврдат дека Спиридон Путин бил во некоја врска со Григориј Распутин. Врската помеѓу нив е или роднинска или окултно признание на Распутин кој бил “опседнат со демон.”

Доказите со кои тие го поддржуваат ова ги има милион: од тоа што држел Ленин ја држел раката во топлото палто на руските температури под нулата, до комбинацијата на бојата на планетата на Сатурн и неговите прстени, па се до “Сумерскиот двоглав орел” на руското знаме. Доколку сето ова ви делува како измислица, најверојатно е поради тоа што тоа и е.