Мистериозен сигнал од вселената ги интригираше астрономите

Мистериозен сигнал бил детектиран во стдијата за 70 кластери на галаксии преку опсерваторијата Чандра и ХММ Њутон. Интензитето на сигналот при специфична бранова должина има повеќе интригантни објаснувања. Сепак потребни се дополнителни податоци и истражување за да се потврди природата на сигналот. На сликата е прикажан кластeрот Персеус, еден од кластерите на галаксии кои биле предмет на новите истражувања.

Една можност е дека Х-зраците се произведени  заради распаѓање на стерилни неутрони, тип на честичка која беше предложена за кандидат за „црна материја’.

Сигналот бил најден при една детална студија на кластери на галаксии и со користење на Опсерваторијата Чандра на НАСА и Европската вселенска агенција.

Астрономите мислат дека „темната материја“ изградува 85 отсто од универзумот, но ниту емитува ниту апсорбира светлина како нормалната „материја“ изградена од протони, неутрони и електрони кои ги сочинуваат за нас блиските видливи елемнети на платената, свездите и галаксиите. Заради ова научниците, мора да користат индиректни методи за да истражуваат во полето на „темната материја“.