Балкан

Мистериозна девојка се појави во центарот на Подгорица

Мистериозна девојка се појави во центарот на Подгорица

Мистериозна девојка денеска стоела во центарот на Подгорица молчејќи и држејќи во раката лист на кој што со црвени букви пишувало „НЕ“.

Во долг бел фустан, не правејќи никакви движења го завртела вниманието на луѓето кои што се движеле на плоштадот Република, но се’ уште не е јасно кому му е упатена пораката која што ја држела во своите раце.

Перформансот потсетува на оној кој што минатата година го извела Јелена Топиќ од Приедор, која стоела на градскиот плоштад цел месец, а не изговорила ниту еден збор.

На крајот било утврдено дека станува збор за перформансот „Гласно молчење“, кој што Јелена, апсолвентка на Академија на уметност во Бањалука, послужил како документарен филм за нејзината дипломска работа.