Мистериозна дрога „хара“ меѓу младите во Сибир.

Шест лица починале, а околу сто се отруени, во еден град во Сибир по конзумирањето на непозната синтетичка супстанца, соопштија денеска локалните власти задолжени за борба против дрога.

„Во нашата област околу сто лица се отруени. Уште шест жители на возраст меѓу 18 и 35 години починаа, бидејќи користеа синтетичка супстанца,“ изјави за Итар Тас, портпаролот на регионалното обвинителство.

Како што е прецизирано 36 лица и понатаму се на болничко лекување.Сите жртви се од Сургута  во кој живеат 330 илјади жители.Руските власти отворија истрага за супстанца купена на интернет, и испратена е во лабораторија на теситарање.

Наркоманијата е еден од големите проблеми во Русија, а властите тешко се борат да воспостават контрола врз супстанцата од Кина, бидејќи произведувачите стално ги менуваат хемиските формули за да ја избегнат забраната на пазарите.