Мистериозни дронови ги прелетуваат француските нуклеарни централи

Француските власти се збунети од мистериозни прелетувања на дронови над неколку нуклеарни централи во земјата, објавува новинската агенција АФП, пренесува Нетпрес.

Од почетокот на октомври, годинава, досега биле регистрирани петнаесетина прелетувања на дронови над неколку различни нуклеарни централи.

Последниот случај бил забележан во понеделникот вечерта над централата во Крес-Малвил, источна Франција. Во октомври било забележано беспилотно летало, над оваа и но и над уште пет нуклеарни централи. Во неделата навечер, пак, дрон ја прелетал нуклеарната централа во Дампиер-ен-Бјурли, централна Франција, и тоа втор пат за два дена.

Француската компанија за стопанисување со електрична енергија „Електрисите ду Франс“ соопштила дека ќе поднесе жалба за секој поединечен случај, без притоа да ги коментира информациите.

Француските власти, пак, немаат никакви сознанија кој ги организира прелетите со дронови и за какви цели гоправи тоа.