Мистериозни исчезнувања и несреќи: Од Бермудски триаголник до Анди

Мистериозните падови и исчезнувања на авионите имаат свое место во историјата, а за некои од нив се’ уште не е јасно како се случиле.

Светот е во шок по трагедијата која се случи во петокот. Не само што се’ уште не се јасни околностите под кои се случи несреќата на авионот на „Малезија Еирлајнс“ , туку и постојано се појавуваат нови збунувачки податоци – од патници кои ги украл документите до мобилниот телефон на еден од патник кој ѕвонел кога го побарале.

Но, мистерии постојат и ќе постојат…

Во попладневните часови на петти декември 1945 година летот „ 19“ кој полетал од Форт Лаудердалеа исчезнал во просторот над Бермуда, познат како Бермудски триаголник. Час и половина по полетувањето пилотите пријавиле дека имаат потешкотии, дека се дезориентирани и дека не можат да препознаат каде точно се наоѓаат. Главниот пилот соопштил дека има проблем со компасите и дека тие воопшто не работат. Временските услови биле катастрофални, а членовите на  екипажот неколку пати пријавле дека ништо не можат да видат и дека не можат да го пронајдат местото на кое треба да слетаа. По кратко време исчезнал авионот со екипажот од 14 лица. Но, тоа не е крајот на трагедијата. Исчезнал и авионот кој бил пратен да го пронајде „Лет 19“.

Несреќата на уругвајскиот рагби тим на Андите доби и своја филмска приказна во филмот „Жив“. Нивнот авион се сруши на Андите, и од 45 загинаа 12 патниците за време на падот. Уште шест загинале во следните денови, а осум кога се распаднало нивното  засолниште во остатоците од авионот. Шеснаесет патници преживеале откако станале канибали и го јаделе месото на мртвите пријатели. Биле пронајдени по 72 дена откако двајца од нив пешачеле десет дена. По пат сретнале трговец кој ги алармирал институциите.

Летот „ 990“ на  „Египет Еир“ од Њујорк до Каиро во 1999 година е една од најстрашните несреќи во историјата во која животот го загубија 217 патници.

Гамил ел-Батоуту, копилот за време на летот, бил обвиниет за непримерно сексуално однесување во авионот, бидејќи го видел еден од директорите на компанијата кој бил патник. Тогаш тој му рекол на копилотот дека ова му е последен лет, на што тој му вратил „Ова и на тебе ќе ти биде последен лет“.

Кога пилотот отишол до тоалет, обвинетиот копилот ја исклучил опцијата „автопилот“, рекол „Верувам во Бог“ и почнал да го руши авионот. Снимката од црната кутија покажала дека тој таа реченица ја повторил неколку пати, а кога се вратил пилотот веќе било предоцна за исправување на авионот.

Исчезнувањето на Амили Еархарт во 1937 година до ден-денеска е нерешена мистерија. Таа летала преку океанот и тоа бил прв обид жена сама да го прелета океанот. Но, исчезнала во блзина на островот Хоуланд.  Според една теорија, и снемало гориво, па авионот се срушил во океанот, а според друга, таа била шпион на Франклин Рузвелт, па ја фатиле Јапонците.

Има уште многу несреќи, за некои причина се лошите временски услови, за други неискуството на пилотите, трети, и покрај долгите и исцрпни истраги се’ уште не се решени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.