Мистериозниот маж со амнезија се врати во родната Чешка

Мистериозниот маж со амнезија кој беше пронајден во Осло минатата година се наоѓа во својата татковина, Чешка.

Тој тврди дека во Чешка постои кампања против него и негира дека се преправа дека го изгубил помнењето заради претходни долгови.

Мажот претходно за норвешките медиуми тврдеше дека има работено за чешката полиција. Од чешкото Министерство за внатрешни работи рекле дека лицето никогаш не било вработено со овластувања во полицијата, туку само како компјутерски техничар.

Чехот бил идентификуван од неговото семејство, (потврдено и со ДНК- анализа) по објавата на норвешката полиција дека е пронајден без документација, а со амнезија за своето минато.

Норвешката полиција се сомнева дека лицето било жртва на кривично дело и води истрага за случајот.