Свет

Мит Ромни повторно во трката за претседател на САД

Мит Ромни повторно во трката за претседател на САД

Мит Ромни започна со подготовките за составување на тим кој ќе ја води кампањата, во рамки на неговата кандидатура за претседател на следните претседателски избори во САД, пишува Си Ен Ен, пренесува Нетпрес.

Колин Рид кој неодамна беше менаџер на кампањата на сенаторот Скот Браун ќе започне да работи за Ромни веднаш и тоа како волонтер. Инаку, Рид во 2008 мата беше директор на секторот за брзо реагирање во рамки на кампањата на Ромни и работеше во прес службата на гувернерот.

-Почнав да работам за Мит Ромни кога тој беше гувернер на Масачусец и возбуден сум што повторно ќе работам со него. Тој е одличен лидер за нашата партија и вистински се грижи за иднината на Америка, вели Рид.

Инаку Ромни ќе се обрати пред членовите на Националниот комитет на Републиканската партија во петок, што воедно ќе биде негово прво обраќање откако се појавија информациите дека тој има намера повторно да влезе во трката за претседател на САД.

фото: washingtonpost