Митерлернер: Чекањето на ЕУ е како чекањето на Годо

Чекањето на ЕУ за прашањето за решавање на бегалската криза е како чекањето на Годо, оцени австрискиот вицеканцелар Рајнхолд Митерленер.

Тој истакна дека е неопходно државите поединечно да дејствуваат затоа што мерките не ЕУ не се ефикасни, јавува Б92.

Чекањето на ЕУ, на жешките точки или на Турција е како чекањето на Годо, порача Митерлернер на конференцијата за медиуми.

Тој оцени дека е неопходно да се применат внатредржавни мерки и најави дека Народната партија, на чие чело е тој, кон крајот на неделата ќе го претстави одговарачкиот пакет мерки.

Митерлернер смета дека заострувањето на законот, како што се планира во Германија по нападите од новогодишната ноќ, е мерка што оди во вистинската насока.