Митески: Владата на СДМС ја кочи изгрдбата на нова детска градинка во Аеродром

Владата на СДСМ е лицемерна и не ја интересираат потребите на граѓаните, ниту, пак, е способна да реализира барем една мерка којшто ќе биде во нивна полза, па затоа ја кочи изградбата на новата градинка во Општина Аеродром, поточно во Ново Лисиче, „Буба Мара“, обвини во средата Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ

„Антиреформската влада на СДС повеќе од еден месец одбегнува да ја стави на дневен ред точката за доделување земјиште на кое ќе се гради четврта по ред детска градинка во Општина Аеродром. На ова место зад нас ќе имаше отпочнато нова детска градинка доколку владата на СДС не го закочеше целот процес. Владата покажа дека единствено нешто кое знае да го прави е опструкција, кочење и блокада. Граѓаните на Општина Аеродром гледаат дека владеењето на СДС носи само стагнација“, рече Митевски од местото на коешто требаше да никне новата градинка.

Ја обвини Владата дека врши директна опструкција врз работата на Општината со одложување на точката за носење на одлука за доделување на земјиштето на кое треба да се изгради нова современа детска градинка која е од витално значење за овој дел од општината, со банално образложение дека е потребно мислење од ДКСК, а ДКСК има дадено мислење кое примено во владата на 17.08.2017 година, согласно кое не постојат пречки за донесување на споменатата одлука.

„Со изградбата на оваа градинка ќе се задоволат згрижувачките капацитети и ќе им се излезе во пресрет на родителите и жителите од овој дел на општината“, порача Митески.

Потсето дека Општина Аеродром, каде што градоначалник е Ивица Конески од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатиот период изгради три нови градинки, и тоа „Штркче“, во вредност од 25 милиони денари, со капацитет за сместување на 200 дечиња, „Сонце“, во вредност од 30 милиони денари, со капацитет за сместување на 200 дечиња и првата градинка во Горно Лисиче, „Лавче“, во вредност од 13 милиони денари, со капацитет за сместување на 100 дечиња.

Посочи, исто така, дека Општина Аеродром ја обезбеди целата потребна документација и сите согласности од надлежните институции и е целосно подготвена за почеток на градежните работи за изградба на нова градинка за повеќе од 250 дечиња, за што потпишан е и договор со изведувачот и обезбедени се финансиски средства од околу 30 милиони денари.

„Владата на СДС наместо да опструира и кочи, ја повикуваме да ја стави точката на дневен ред и да се залага да ги решава проблемите на граѓаните во Аеродром. Граѓаните ја гледаат разликата. ВМРО-ДПМНЕ нуди и реализира проекти, а неспособната власт на СДС кочи, блокира и укинува. Затоа на 15-ти октомври СДС повторно ќе биде казнет од граѓаните“, заклучи Митески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.