Митевски: Комплетно ја променивме сликата за Македониска Каменица во 2010 година

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Дарко Митевски на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во 2009 општината била во прва фаза на децентрализација и со блокирана сметка цели осум години, а сликата веќе следната година се променила.

„Се створија услови во државата рударските општини да почнат нормално да фунцкионираат, да можаат да ги деблокираат своите сметки и да можат да почнат со реализација на многубројни проекти“, посочи Митевски.

Потенцира дека од 2009 година навака во Македонска Каменица бил изграден градскиот плоштад, градската капела, уредена била црквата, целосно биле завршени парковите кои се наоѓаат околу градскиот плоштад, уредено било коритото на кејот на реката Каменица со што, како што рече, Македонска Каменица е општина која има најдобро уредено корито.

Митевски посочи и дека освен многубројните проекти кои се реализирани во Македонска Каменица, општината реализирала и многу проекти во околните села.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.