Митинг на Златна зора, полицијата на готовс

Полицијата во Грција вечерва ќе биде на готовс во пресрет на митингот на Златна зора. Генералниот директор на Златна зора, Никос Михалолиакос ќе одржи предизборен говор во Пиреја, а во исто време ќе се одржат и антифашистички демонстрации.

Нофицијално, најмалку шест полициски единици ќе бидат стационирани во Пиреја за обезбедување на предизборниот собир на неофашистичката партија.

Во исто време, како што јави дописникот на МИА од Атина, голем број на синдикати и групи имаат договорено антифашистички демонстрации во Пиреја, со кои бараат забрана за одржување на митингот на Златна зора.

Демонстрантите истакнуваат дека овој „провокативен“ настан се случува само неколку дена пред годишнината од убиството на активистот и раперот Павлос Фисас од страна на истакнат член на Златна зора. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.