Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кисела Вода, Аеродром, Студеничани и Зелениково

Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе одржи митинзи и средби со граѓани во Студеничани, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

Средбата со граѓани во Студеничани ќе се одржи во 14 часот, а во Зелениково во 15.30 часот.

Во Кисела Вода, митингот е закажан за во 17.30 часот, а во Аеродром во 20.30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.