Митко Чавков уапсен за насилствата во Собрание

По налог на јавен обвинител, утринава, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, објави СДК.

Информацијата ја потврди и МВР.

Чавков е уапсен по отворена истрага против него за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ на чело со Зоран Заев, на Зијадин Села кој за малку ќе беше убиен, како и на други пратеници и новинари.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.