Митко Маџунков – Академик кој го заштитува македонскиот јазик и културно наследство

ману

Неговите дела се едни од најубавите кога станува збор за македонското културно наследство, а добитник е на голем број награди. Маџунков е вистинско освежување во општествената сцена и со неговата професионалност и творештво го враќа кредибилитетот на подзаборавениот МАНУ.

Покрај тоа што умешно знае преку својот пишан збор знае да не однесе во едно незаборавно „патување“, Маџунков своето знаење и академски капацитет ги става во интерес на државата, има јасна политичка мисла и став а поради тоа и дополнително наидува на симпатии кај јавноста.

madjunkov.jpg2

Македонските автори треба да бидат тие кои први ги штитат и промовираат македонскиот јазик и неговото писмо:

Според Маџунков јазикот е главниот атрибут на еден народ.

-Потребна е заштита и афирмација на македонскиот книжевен јазик, но и воздигнување на повисоко ниво, бидејќи македонскиот јазик е поголем одошто сме ние, но неговата големина нема да ни донесе утеха, доколку биде уништен, вели Маџунков.

„Сведоци сме на една невидена агресија во историјата на народите, кога се прават  напори да се смени името на нашата држава и да се уништи нашиот јазик.“

Според Маџунков, ситуацијата со двојазичноста, е на работ на одржливоста, а понатамошното ескалирање на оваа шизофрена состојба, неминовно би довело до уривање на сите институции, а со тоа и целата држава.

„Сите што не ја признаваат државата не ги почитуваат ни главните атрибути на таа држава. Не треба да се биде многу мудар за да се да види дека тука постои едно директно или индиректно негирање на Македонија како држава, на националниот идентитет и македонскиот јазик. Меѓутоа не е наша работа да се браниме, туку да го афирмираме нашиот јазик, како што најдобро знаеме и умееме.“

Маџунков: Националното мора да се врзе за државното

madjunkov.jpg3

 

Нашата собирна точка треба да се прекомпонира од националното кон државното и националното да се врзе за државното, смета Маџунков.

-Тоа е една многу сериозна работа, каде што се направени големи пропусти со текот на времето и со уставите, со амандманите особено, десет години подоцна од првиот устав итн., кога де факто Македонија е направена како некое претпријатие, секој може тука да си прави што си сака. Иако националното мора да се врзе за државното. Не можете вие во Америка ако имате американски пасош да кажете дека сте Јапонец. Вие сте Јапонец за себе, а инаку во структурата на самата држава вие сте Американец. Така е и во Франција, така е на сите места, целиот запад е така устроен, вели  Маџунков.

„МАНУ е една сериозна и традиционална организација која не може да реагира ад-хок на сѐ што се случува, но кога ќе дојде до заострување, кога државата е во прашање, како што сега гледаме дека е, тогаш навистина мора да се реагира.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.