Mитови за патувањата

Советите поврзани со патувањата, се пренесуваат низ весниците и магазините со децении. Она што некогаш било точно, не мора да биде и денес, а дел од советите се сигурно произволно дадени и никогаш не биле точни… Денес ќе ги погледнеме најчестите митови поврзани со патувањата.

Авионските билети се поевтини порано

Во времето кога бројот на авионски компании бил ограничен и побарувачката растела со приближувањето на датумот, билетите поскапувале, па така најдобрите зделки се добивале 4 до 6 недели пред терминот на летање. Но денес, кога постојат огромен број авиокомпании, цените за дестинациите се прилично стандардизирани, а може да се случи да најдете и подобра зделка во последен момент, затоа што компаниите се трудат да не оставаат празни места на летовите.

Секогаш верувајте им на локалните жители

Колку пати сте биле во хотел во вашиот град или сте ги посетиле главните туристички атракции? Локалните жители многу ретко се запознаени со туристичките пракси во нивните градови и не секогаш се најдобар извор на совети.

Добрите зделки се во фришоп

Во минатото ова беше точно, но веќе не е. Во фришоп ги избегнувате даноците, но основната цена на луксузните нешта, како што се парфемите, веќе е толку висока, што и да ги купите без данок, на крајот ќе заштедите занемарлива сума во однос на цената на истите нешта во продавниците кај нас. Со оглед на тоа што основната цена на цигарите и алкохолот во другите земји е неколкукратно повисока, тие и без данок се поскапки отколку оние кај нас.

Iguana-Tours

Уличната храна не е безбедна

Најголем дел од луѓето преферираат да седнат во ресторан, наместо да посегнат по уличната храна, сметајќи дека храната што се приготвува во „несоодветни“ услови мора да биде небезбедна за јадење. Вистината е дека најчесто уличната храна е повкусна, далеку поевтина и може да претставува многу пријатно изненадување. Од друга страна, вие не можете да знаете што се случува во кујната од ресторанот, додека кај уличните продавачи можете да го видите целиот процес на готвење. Згора на тоа, уличната храна најчесто се пече или пржи на високи температури, што значи дека веројатноста некоја штетна состојка да опстои е многу ниска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.