Митревски: Конгресот на ССМ на кој ќе се избира новиот претседател е целосно нелигитимен

Поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски денеска пред јавноста во името на Сојузот на синдикатите на Македонија образложи за уште едно статутарно насилство и измама преку нелегитимен конгрес закажан на 11 ноември.

„Конгресот е нелегитимен прво бидејќи се организира од страна на нелегитимно раководство, а не се организира со мое присуство како што јасно е утврдено во препораките на светската федерација на синдикати и европската конфедерација на синдикати каде што единствен услов е организација на овој конгрес е претседателот Митревски. Нелегитимен е овој конгрес затоа што се забрануваат и кандидатури на сите други освен на лицето Димовски. Дарко Димовски инаку е кандидат кој не ги исполнува и условите и основните критериуми согласно статусот на ССМ и според ова претседател на ССМ никогаш не бил член на партија за разлика од тоа што пред цела јавност Димовски се декларираше и се фалеше со членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ, а сега се фали и дека е симпатизер или активист на владејачката партија“, вели Митревски.

Додава дека ова лице не може да биде кандидат за претседател на ССМ бидејќи согласно актите кандидатот не смее да биде сопственик на фирма, а тој е сопственик на ресторан пицерија и ко- сопственик на продавница за водоводни инсталации.

„Кандидатот за претседател на ССМ треба да биде докажан синдикалец и посветен за правата на работниците, а лицето Дарко Димовски никогаш не било тоа и освен тоа што бил препознатлив по скандалите во неговиот ресторан. Како негов портпарол се јавува и лицето Ристо Ајтов кој е неповикан од никој да зборува од името на ССМ и истиот е именуван од страна на Димовски за директор на зградата на ССМ иако е кривично осудуван со пресуда за фалсификувани службени исправи во 2005 година, а истовремено не може ниту да биде директор на таа зграда бидејќи нема добиено согласност од Министерството за одбрана. Овие два месеци ССМ е збришан од синдикалната и општествената сцена и сите заборавија дека ССМ се бореше за намалување на договорите на определено време од 5 на 3 или 2 години, заборавија да ги постават прашањата околу платите и заборавија се и сешто освен што месец и пол се на службен пат“, потенцираше Митревски.

Најави и посета на премиерот Заев за да го информираат за тешките повреди кои се прават на статутот на ССМ како и барање за соодветна средба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.