Митревски поднесува кривични за Царовска и директорката на Централен регистар: Правниот систем е поништен

Синдикалниот челник Живко Митревски бара средба со премиерот Зоран Заев, а дополнително сите судски органи ги информирале за состојбата во ССМ и истакна дека е поднесена кривична пријава против, како што вели, носителот на сиве овие активности, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Кривични пријави ќе бидат поднесени и за вдиректорката на Централниот регистар Ана Трајчева и за централниот регистратор кој дозволил да биде впишано името наДрко Димовски.

Според Митровски, во моментов се случува историски скандал при што министерката Мила Царовска направи упад на насилен начин да го промени претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, легитимно избран на 19-тиот конгрес и донесе решение со кое го поништува легитимитетот на над 100.000 луѓе кои гласаа за претседателот.

„Сведоци сме на еден друг историски скандал. Денес правниот систем во Република Македонија е поништен со донесувањето на решение на Централен регистер со кое се брише од регистерот легитимно избраниот претседател Живко Митревски на ССМ, а се внесува Дарко Димовски кој не е ни член во ССМ. Денес не се почитува ниту наредбата на Основното јавно обвинителство кое заради фалсификувани исправи кои беа доставени беше забранет уписот на Дарко Димовски и оваа наредба денес не е почитувана“, истакна Митровски.

Рече дека Централниот регистар врз основа на притисоците кои ги имале од министерката и други политички структури, не го земал во предвид и решението од Управниот суд.

„Со решението предлогот на Дарко Димовски за упис на претседател на ССМ се одбива. Тоа значи дека правниот систем во Република Македонија падна на колена. Да не се почитува судската пракса и судските одлуки, како и она што значи меѓународна конвенција за слобода на организирање на синдикатите која директно забранува какво и да е мешање во синдикатите“, додаде Митревски.