Митрополитот Агатангел се огради од соопштението на Синодот на МПЦ-ОА

Митрополитот Повардарски г. Агатангел во пишана реакција во понеделникот наведува дека се оградува од соопштението на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)по повод одлуката и решението на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ).

„Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот архиерејски аинод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА не заседавал по ова прашање. Јас, како еден од владиците, не сум запознат за тоа кој ја соопшти оваа вест дека нашиот Синод ѝ благодари на БПЦ за нивната одлука и решение дека тие ќе формирале комисија за преговори со другите помесни православни цркви за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА“, се истакнува во реакцијата на митрополитот Агатангел.

Според него, фомирањето комисија може да го одложува до недоглед решавањето на нашиот црковен статус.

„По нашето писмо кое го доставивме до БПЦ, а кое не беше едногласно прифатено од Светиот синод на МПЦ-ОА како краен резултат еве денеска што добивме како решение. БПЦ сега се претставува и прифаќа да биде мајка – црква, без притоа да има каква и да е обврска кон нашиот автокефален статус, што е уште една навреда кон МПЦ-ОА, кон македонскиот народ, кон македонската нација“, стои во пишаната реакција од митрополитот Агатангел

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.