Митровски: Смилевски веќе 10 години не живее во Бутел, СДСМ не престанува да ги понижува граѓаните

Груба лага и манипулација е дека кандидатот на СДСМ, Велимир Смилевски, живее во Бутел, изјави во саботата Дејан Митровски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина.

Митровски кажа дека СДСМ не престанува да ги понижува граѓаните.

„СДСМ кандидира градоначалник за Бутел кој не живее во Бутел. Имено, во дебатната емисија ‘Само вистина’ извади лична карта со која мавташе и покажуваше дека живее во Бутел. Во која оштина живее Велимир Смилевски? Кога јавно кажа дека зимно време живее во една општина, летно време во друга, а викендува во трета“, праша Митровски.

Напомена дека ова е уште една лага и потценување кон бутелчани.

„Велимир Смилевски веќе 10 години не живее во Бутел, во избирачкиот список се гледа дека на таа адреса живеат и гласаат луѓе кои не се во никаква роднинска врска со Велимир. Бутел и бутелчани нема да дозволат човек што не живее во нашата општина да управува со истата и затоа на 29-ти октомври ќе го казнат ваквото понижување, ќе гласаат за бројот 13, за стабилен и просперитетен Бутел“, рече Митровски.