Митската борба на змија и геко снимена на видео

Преставник од локалната сорта наречена златна дрвена змии и ривалски сино-портокалов гуштер геко влегоа во борба на живот или смрт која ја снимил Британец, додека престојувал на одмор во Патаја.

Во видеото објавено на порталот Pattaya One, окажува како геко кој е на столб ја гризнува и не ја испушта змијата, којашто одговара со изненадувачки маневар, обвиткувајќи го опашот околу вратот на противникот.

Неколку минути подоцна британскиот доселеник се вмешува во пресментката и ги разделува воинственуите влекачи, појаснувајќи им на гледачите дека е љубител на геко, и оти сака да му помогне на рептилот кој бил во понезавидна положба.

Неговата сопруга се обидела да го предупреди да не ги допира животните, но тој вели дека смета оти змијата не е отровна.

Натаму раскажува дека слично видео гледал претходно на социјалните мрежи, но не се надевал дека ќе ја види во својот двор.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.