Мизо и Наумоф во потрага по инвестиции во Италија

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо и економскиот поромотор во Италија, Иван Илиев ги претставуваат можностите за инвестирање во Македонија.

Во првиот дел на посетата во Емилија Ромаџина, Болоња, Анкона и Пескара беа остварени средби со неколку компании со кои тимот е во напредни преговори за потенцијално инвестирање во Македонија.

Секторски тоа се компании од автомобилската индустрија, електро идндустрија и машинската индустрија за специјални возила кои се светски и или регионални лидери во својата дејност. Истовремено беа договорени дополнителни средби во текот на пролетта со цел на финализирање на понудата на соодветни локации и анализи на работна сила, логистиката и царинските процедури.

Во следните три дена ќе бидат посетени и компании во Милано, Тренто, и Асти како и презентација на бизнис форум.