Мизо: Расте извозот од зоните, годината ќе биде завршена над проекциите

Расте извозот од технолошко-индустриските зони. Очекувањата се дека годината ќе биде завршена над проекциите што беа направени на почетокот од годината. Ова е оценката на директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо во интервју за Македонската радио телевизија.

Очекуваме раст посебно поради тоа што декември е многу специфичен месец поради предновогодишните празници посебно во Западна Европа, бидејќи дел од овие компании во тој период обично не работат, а компаниите на кои тие треба да го пласираат својот производ исто така нема да работат. Но, има можност овој месец да го завршиме со дополнителни над 100 милиони евра, така што ќе стигнеме до една бројка од помалку од 1,5 милијарди евра извоз за целата година. Ако споредиме со минатата кога имавме милијарда и 170 милиони, ова е далеку над проекциите и очекувањата кои ги направивме на почетокот од годинава врз основа на проекциите на компаниите. Истовремено расте и разликата помеѓу извозот и увозот. Доколку лани имавме една бројка од 140 милиони, оваа година таа е над 215 милиони, вели Мизо.

Неколку нови компании веќе имаат донесено интерни одлуки за инвестирање во Македонија

Мизо…