Мизо: Македонија е најдобро рангирана во процесот на отпочнување на бизнис

Оваа листа е анализа која излегува секоја година пред крајот на октомври каде што Светската банка ги рангира 189-те држави во светот според 10 различни параметри и на кој начин во секоја земја се вршат сите оние активности кои се потребни за општото водење на бизнис, без разлика дали тоа значи започнување и отворање на компанија, дали тоа значи добивање на градежни дозволи, добивање на струја, сето она што е поврзано со основните активности кои на еден или друг начин ги олеснуваат работите за започнување на работа на една компанија.

Ова го истакна директрот на ТИРЗ, Виктор Мизо во своето гостување во „Отвореното студио“ на ТВ Нова

Тој истакна дека Република Македонија е најдобро рангирана во процесот на отпочнување на бизнис, додека најлошо сме рангирани во процесот на регистрирање на сопственост на недвижнини.

„Она што е многу важно е дека секоја година по секој од овие 10 параметри има рангирање на земјите и во случајот на Македонија, од тие 10 параметри тоа е еден збир на кој начин ние сме стигнале до 10-тото место. Она што е важно да се каже е дека од тие 10 параметри најдобро сме рангирани во процесот на отпочнување бизнис, тука сме на 4-тото место, додека во процесот на регистрирање на сопственост на недвижнини тука сме 48-мо и тоа е најлошото рангирање од сите овие 10 параметри, но во просек тоа значи дека ние сме 10-та земја во светот“, истакна Мизо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.