петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 42

Мизо: Македонија од земја која никој не ја знаеше, ја направивме една од најатрактивните за инвестиции

Мизо потсети дека изминатите години требаше да се работи на креирање бренд и имиџ на земјата и меѓународно претставување на земја дестинација, која е отворена за водење бизнис и за привлекување странски ивестиции

viktor mizo

Поврзани вести

На панел дискусијата организирана по повод роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другите учесници, говореше и Виктор Мизо, кој кажа дека условите кога оваа партија дошла на власт биле многу поразлични, од оние кои се сега достапни за странските инвестиции.

„Она што се случи на крајот на 2006, почетокот на 2007 година беше дека Македонија навистина од многу различни причини, пред се што се случувало со распадот на Југославија, истовремено со несигурноста на регионот, со самите политики во процесот на приватизација, сите оние компании кои ги истражувале земјите на Источна Европа, се концентрирале на земјите кои се на пример Полска, Чешка, Словачка, потоа и Романија беа дестинации за привлекување на странски инвестиции. Македонија воошто не беше една од земјите кои беа размислувани или разгледувани од страна на мултинационалните компании“, рече Мизо.

Според него, сите реформи кои континуирано биле направени, дале резултат за Македонија да биде многу позитивно прифатена од глобални институции коишто прават рангирања не земјите за водење бизнис.

„Требаше да се работи на креирање бренд и имиџ на земјата и меѓународно претставување на земја дестинација, која е отворена за водење бизнис и за привлекување странски ивестиции. За да се наврави тоа требаше да се подобри бизнис климата во Македонија. Тогаш бевме на 9-то место на Дуинг бизнис, сега сме на 10-то, но работата е дали континуирано се преземале реформи, се подобрувале начините на работа, намалување на трошоците на компаниите да водат бизнис, да се соочуваат со бирократски процеси, да се направат голем број на едношалтерски системи, без разлика за што станува збор. Сите овие реформи кои беа континуирано направени, дадоа еден резултат, каде што Македонија беше перцепирана многу позитивно од глобални институции кои што прават рангирања не земјите за водење бизнис“, изјави Мизо.

Продолжи дека привлекувањето на странски инестиции е многу конкурентен безнис и дека секој се труди да донесе инвестиции.

„Работата беше многу тешка и макотрпна, ние континуирано требаше да одиме и да чукаме на вратите на менаџерски тимови, на познати мултинационални компании, да бараме можност за состанок и да се презентираме како земја и навистина да објаснуваме, кои сме, каде сме, што сме наравиле и кои се потенцијалните придобивки. Привлекувањето на странски инвестиции е многу конкурентен бизнис, секоја земја, не само во регионот туку и пошироко се труди да привлече странски капитал, да донесе знаење, развој на вешти и технологии“, рече.

Изминатите три, три и пол години, додаде Мизо, можам да кажам дека многу полесен ни беше процесот, бидејќи Македонија полека но сигурно беше една од оние пет или шест кои беа перцепирани и разгледувани директно од страна на компаниите и наместо само ние да чукаме на нивните врати, имаше многу случаи кога или директно тимовите на мултинационите комании или па консултантските компании, кои беа задолжени за испитување на земјите кои се поволни дестинации.

„Доаѓаа, се обраќаа кон нас, кон сите процеси кои беа вклучени во процесот на привлекување странски инвестиции, ние како дирекција за технолошки индустриски развојни зони, кон агенцијата за странски инвестиции, кон министрите и кон сите оние членови на економскиот тим на владата“, изјави Мизо.

Потсети дека првата инвестиција која дојде во Македонија беше Џонсон контролс, фабриката за електроника овде во Скопја, а денес веќе не фунционира само скопската технолошко-индустриска разојна зона, туку двете во Скопје, во Штип, во Тетово, во Прилеп, во Струга, а сега и во Струмица.

„Значи имаме голем број технолошко индустриски развојни зони, каде што имаме функционални компании, каде што во моментов се креирани 9.000 работни места, бројот на тие само до крајот на оваа година очекуваме да биде над 10.000. Додека вкупната бројка само во производствените дејности во Република Македонија, надминува над 20.000 креирани работни места. За илустрација што значат овие 9.000 работни места во зоните, само во мај имавме рекордна вредност на извос од зоните, која достигна 190 милиони евра на месечно ниво и ако го гледаме трендот од првите пет месеци од годината каде што споредено со 2016, имаме зголемување од над 15 проценти. Имаме индикации дека ако продолжиме со исто темпо, врз основа на побарувачка на европскиот пазар, но и зголемувањето на обемот на работа на компаниите кои започнуваат со работа или се доекипираат, има можност да стигнеме до една извосна бројка во износ од две милијарди евра само во зоните, овие средства воопшто не постоеја пред десет години“, рече Мизо.

Најчитани вести