Мизо: Нови 10 странски компании сакаат да инвестираат во Македонија

Со 10-тина странски компании од САД, Германија и Италија од производствени дејности македонските власти се во разговори и преговори за инвестирање во Македонија, вели за Индекс на Радио Слободна Македонија директорот на ТИРЗ Викор Мизо.

– Веќе утре во Германија имам разговори со неколку странски компании, а следните денови во САД во Детроит и Мичиген договорени се средби со близу 10 компании кои ги разгледуваат можностите за инвестиции во земјава, вели Мизо.

Годинава 13 странски инвеститори веќе отпочнаа со изградба на своите капацитети и се очекува да стартуваат со производството. Според нивните најави, оваа година се очекува во овие фабрики да се вработат 1500 лица.

Само во зоните минатата година биле ангажирани 3500 работници. Вкупно се очекува над 13.000 нови креирани работни места, вели Мизо.

– Германската компанија Техникал Текстил која вчера во Владата потпиша договор за реализација на 12 милиони инвестиција во Штип првично најави 500 до 600 работни места, но овој број го зголеми на 1000 пред се поради квалитетната работна сила во тој регион од земјава. Во првата фаза се најавени 300 до 400 вработувања, а останатите до 1000 нови работни места се очекува да се реализираат во период од 2 до 2,5 години, вели Мизо за Индекс.

Целото интервју со Мизо погледнете го во продолжение

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.