Мизо: Странските компании досега креираа над 15.000 нови работни места

Во моментов во технолошко индустриските развојни зони работат вкупно 5.100 луѓе. Но ако гледаме години наназад на пример кон крајот на 2013, ја завршивме годината со 2.500 луѓе, што значи од тогаш до сега има удвојување на бројот на вработени. Ова го истакна директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, во дебатата на ТВ НОВА, на тема „Кои се ефектите од странските инвестиции“, пренесува ЛИДЕР.

Но многу важно е да се каже дека оваа бројка на вработени од 5.100 е само во компаниите кои се наоѓаат во Зоните. Ако се земат во предвид нај трудоинтензивните компании како на пример Дрекселмаер во Кавадарци и Кромберт и Шуберт во Битола кои не се во ТИРЗ, а тие две компании заедно вработуваат над 9000 луѓе,значи дека ако се соберат сите бројки на станските инвеститори, тогаш можеме да зборуваме за една бројка од над 15 000 работни места. Многу повеќе се важни и индирекнтите креирани работни места, тука имаме голем број на компании кои мора да даваат најразличен вид на услуги за компаниите кои се во зоните, од обезбедување,осигурување, кетеринг, градежни комапнии, логистика, тој ефект е многу поголем и она што беше кажано, на пример при втората фаза кога беше објавена на Ванхул не е само 400 луѓе кои ќе бидат вработени таму, туку минимум 150 луѓе дополнително ќе бидат ангажирани, само за потребите на втората фаза, истакна Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

investiciski bran

Слободните економски зони се градат во различни делови во земјава бидејќи странските инвеститори многу конкретно бараат соответна квалитетна работна сила согласно нивните потреби. Во случајот на КСС кои изработуваат воздушни перничиња токму Кичево беше соодветниот град каде има таква традиција во текстилната индустрија, но истовремено голем број од тие компании не сакаат да се лоцираат во исти град да имаат две или три компании кои би имале сличен вид на потреба на работна сила. Самото зголемување на странските инвестиции се должи на политиките и активноти кои се преземени во псоледните 10 години, не само подобрување на бизнис климата, сето она што значи промоција на државата бидејќи, запонавме од една дестинација и земја која не беше за никого позната не само како инвестициска дестинација, голем број на луѓе не знаеја и каде беше Македонија , а денес можам да кажам дека ние сме на листата од првите пет земји во Источна Европа каде сите големи компании кои разгледуваат локации, вели Мизо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.