Мизо: ТИРЗ се најголем магнет за странските компании

Слободните економски зони во државата се најголемиот магнет за странските инвеститори, вели директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо во гостувањето во вестите на Сител.

-Сето она што се случува не само во Скопје и во Штип, значи дека странските компании секогаш бараат спремна инфраструктура каде што најбро може да ја реализираат својата инвестиција. Истовремено, тоа е голем стимул за домашните компании, вели Мизо.

Мизо вели дека планот е да се има вкупно 14 ТИРЗ, за да се креира рамномерен економски развој, за сите локации во државата.

– Луѓето да можат во своето родно место да најдат работа каде што ќе дојде странска компанија и каде ќе можат нормално да работат. Виница и Берово се 12-та и 13-тата од вкупно 14 зони. До крајот на годината ќе започнеме со изградба и на зоната во Делчево, вели Мизо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.