Мјузиклот „Чикаго“ утре премиерно на сцената на МНТ

Мјузиклот „Чикаго“ утре премиерно на сцената на МНТ
Мјузиклот „Чикаго“ утре премиерно на сцената на МНТ
На сцената на Македонскиот народен театар на 29, 30 декември и 4 јануари премиерно ќе биде одигран мјузиклот „Чикаго“ во режија на Наташа Поплавска.

Мјузиклот е дело на познатите творци на овој жанр: Боб Фоси, Фред Еб и Џон Кандер кои на широката публика ѝ станаа познати преку антологиските филмски мјузикли „Кабаре“ и „Целиот тој џез“.

Мјузиклот „Чикаго“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.

„Чикаго“ денес предизвикува внимание ширум целиот свет, исто толку како и пред неколку децении кога е за првпат поставен на Бродвејската сцена и враќање на мјузиклот како жанр на светската сцена, откако истиот се пренесе на филмското платно.