Мктаријан го напушта Манчестер Јунајтед

Ерменскиот фудбалер од средниот ред Хенрик Мктаријан би може уште во зимскиот преоден рок да го напушти Манчестер Јунајтед, и тоа само сезона и половина по доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, повеќе не смета на услугите на овој 28 годишен фудбалер, пишуваат во вторникот британските медиуми. Последните шест натпревари Мктаријан не беше ниту на клупата за резервни играчи, туку дуелите на Манчестер Јунајтед ги следеше од трибините.

Јунајтед за Мктаријан бара 40 милиони евра, а засега најмногу интерес покажува неговиот поранешн клуб, Борусија Дортмунд.

Но можно е ерменскиот фудбалер да заврши во Јувентус. Имено, Мурињо мна проблеми на позицијата лев бек, и сета дека 26-годишниот Бразилец Алекс Сандро би бил одлично решение. Истовремено тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегрри повеќе нема доверба во Сандро, но затоа смета дека добро би му дошол дриблер како Мктаријан.