Македонија,Крими хроника

Млад Македонец загина во несреќа во Австралија

Млад Македонец загина во несреќа во Австралија

Деветнаесетгодишно момче, со потекло од Македонија, загина во железничка несреќа во Мелбурн, Австралија.

Интернет порталот фаланга.ком.ау јавува дека несреќата се случила вчера околу 6,15 часот по локално време во непосредна близина на железничката станица во Кеон парк во близина на Мелбурн.

Австралиската полиција отворила истрага за утврдување на околностите на несреќата.