Млад маж загина во железничка несреќа

Млад маж загина во железничка несреќа што се случила вчера околу 18,00 часот на делот од пругата помеѓу железничкото стојалиште во село Дуброво и железничкото стојалиште во Демир Капија.

Несреќата се случила на отворена пруга во непосредна близина на ЖС-Дуброво на 500м на вториот влезен сигнал на патниот премин, помеѓу патничкиот воз бр.634 кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, сопственост на Македонски Железници, управуван од машиновозачот Р.С. и автомобил „Рено Канго“ со неготински регистарски ознаки управувано од З.А.(1972) од село Прждево – Демир Капија.

Возачот на автомобилот од здобиените тешки телесни повреди починал на местото на настанот. Сообраќајот бил во прекин на тој дел од пругата до 23.10 часот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската Станица-Неготино.