Млад милијардер платил да го убијат за да му го сочуваат мозокот засекогаш

Американски милијардер од Силиконската долина платил 10.000 долари за да го убијат и да го сочуваат неговиот мозок засекогаш. Бизнисменот Сем Алтман еден е од 25 луѓе кои се на листата на чекање на стартапот Нетком, кој тврди дека можат да ја аплоудираат содржината на мозокот на секој човек и да ја задржат на компјутер.

Според предвидената процедура, милијардерот ќе мора да почине во процес сличен на лекарски асистираната евтаназија која е легална во пет сојузни држави во САД.

Алтман е директор на компанијата „Y Combinator“, а со постапката која го чека сака да стане бесмртен, пишува MIT Technology Review.

Процесот за кој е пријавен вклучува балсамирање на мозокот како подоцна би можел да се стимулира на компјутер. Клиентот мора да биде жив кога ќе се приклучи на апаратот кој ќе му ги вбризга балсамирачките хемикалии на Нетком. Компанијата тврди дека методот е 100 отсто смртоносен, а искуството на корисникот ќе биде идентично како и кај евтаназираните самоубиства во болница.

На службената страница на компанијата пишува дека нивната мисија е да го сочуваат вашиот мозок толку добро што сите спомени ќе останат недопрени: од поглавјето на омилената книга, до чуството на студ во зима, печењето пита или вечера со семејството или пријателите. Зошто им е тоа важно? Затоа што веруваат дека во овој век ќе биде изводливо да се дигитализираат овие информации и да се искористат за реконструкција на вашата свест. Буквално нудат бесмртност на човечкиот мозок.

 

Балсамирањето може да го одржи телото без да се распадне стотици и потенцијално илјади години, но за да функционира таквата постапка, мозокот мора да биде свеж. Нетком има план да ги искористи луѓето смртоносно болни кои се согласиле на одржување на животот со помош на апарати, за да им се вбризга балсамирачкиот раствор во вратните артерии додека се се уште живи.

Од компанијата за сега ги повикуваат клиентите да се запишат на листата за чекање, со аванс од 10.000 долари, кои ќе им бидат во целост вратени ако клиентот се предомисли. Алтман е еден од 25 лица кои се пријавиле. Тој за MIT Technology Review изјавил дека е прилично сигурен дека ќе биде можно да се дигитализира мозокот за време на неговиот животен век.

Претпоставувам дека мојот мозок ќе биде аплоудиран на облак- рекол Алтман.

Нетком е сериозна компанија која до сега собрала значајна финансиска помош за равој на своите технологии. Милион долари добиле и од „Y Combinator“, а исто така 960.000 долари се добиени со државна подршка од Националниот институт за ментално здравје.